Десетмина учесници успешно ги одбранија финалните проекти кои ги изработија во рамки на специјализираниот курс „Планирање на ефикасна кампања за односи со јавност“ што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го организираше во текот на април и мај.
Од истражување до подготовка на буџет, преку креативни идеи и пораки и интересни претставувања беа презентирани повеќе комуникациски стратегии. Низ заедничка дискусија и конструктивни сугестии и критики со предавачот Сашо Дуљанов, учесниците ги разрешија дилемите кои ги имаа околу планирањето, истражувањето и креирањето на еден комуникациски и оперативен план. На крајот од курсот учесниците добија сертификати со 3 ЕКТС.
Курсот „Планирање на ефикасна кампања за односи со јавноста" е еден од сетот курсеви наменети за професионален развој коишто ги организира Високата школа.