Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Младите и обложувалниците, децата на улица, турканиците во автобусите, кучињата скитници се некои од темите кои преку фотоприказни ги обработија околу 60 средношколци на работилниците за медиумска писменост организирани од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.

Ученици од седум скопски гимназии во текот на мај учеа како да размислуваат критички, да генерираат медиумски вредни теми и да ги прикажат преку фотографии. Тие вежбаа како внимателно да набљудуваат и расудуваат, да размислуваат рефлективно, да ги надминат сопствените предубедувања и како да носат размуни одлуки. Средношколците ставени во улога на новинари ги детектираа општествените проблеми и откако учеа за правилата и техниките за фотографирање, изработија фотоприказни на идентификуваните теми.

На работилниците учествуваа средношколци од скопските училишта „Орце Николов“, „Георги Димитров“, „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“, „Васил Антевски Дрен“ и „Браќа Миладиновци“. Работилниците за медиумска писменост се организираа во рамки на проектот „(Де)конструирај ги медиумите“, којшто е поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.

Погледнете дел од фотоприказните и галериите од работилниците