Во рамките на кампањата „ЕУ одблизу“, студентите на Високата школа минатиот четврток го посетија селото Ростуше со цел да се запознаат како функционира проектот на ЕУ за дикертно запознавање на населението околу обврските и привилегиите што ги носи членството во унијата.
Посетата се реализираше за потребите по предметот Печатени медиуми за кој идните новинари требаше да напишат извештај по проинципот песочен часовник или риба. Младите новинари имаа можност да ги проследат средбите на холандската амбасадорка Мариет Шурман со граѓаните во врска со информациите за животот и можностите кои ги нуди Европската унија и да поразговараат со населението за нивните потреби и очекувања.