УНДП и оваа година ги однесе студентите во Преспанско. Методот „учење преку работа“ доминираше двата дена поминати на јаболковите насади во Преспанскиот регион, заштитениот парк на природата во с. Езерани, новоизградената компостара во Ресен и пристаништето во Стење каде се гради станицата за мониторинг на водата во Преспанското езеро.
Студентите снимаа, фотографираа, интервјуираа и твитаа на местата каде се споведуваат повеќето активности на УНДП за заштита на природата во Преспанско, а се сретнаа и со Ѓоко Стрезовски, градоначалникот на Ресен и неговите најблиски соработници задолжени за односи со јавноста.
Оваа дводневна екскурзија е редовна годишна практика, како резултат на соработката на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста со локалната канцеларија на УНДП во Македонија.
Повеќе слики од настанот, #vsundpprespa