Десетина учесници на курсот „Планирање на ефикасна кампања за односи со јавност“ ќе совладаат знаења и вештини како да планираат и управуваат со комуникациските процеси на една организација. Курсот се реализира во текот на април и мај.
Предавачот Сашо Дуљанов, долгогодишен професионалец за односи со јавност, ќе ги оспособи учесниците како да креираат комуникациски материјали, кои се процесите, кои се предностите и недостатоците на оваа професија. Истовремено, преку часовите, тој ќе овозможи да се поттикне и индивидуалната креативност.
На првиот час, низ позитивни и негативни практични примери на кампањи, на учесниците им беше потенцирано на што треба да внимаваат, кои замки да ги избегнат и како да комуницираат во комплексни ситуации, но и дека затоа за успешна кампања треба да имаат добро подготвен план.
„Планирање на ефикасна кампања за односи со јавноста" е дел од специјализираните курсеви за професионален развој кои ги нуди Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.