Медиумско промовирање на акцијата „Солидарен оброк“ и работилница за зајакнување на мотивираноста кај новите млади волонтери се двата проекта кои студентите по односи со јавноста ќе ги реализираат за Црвениот крст на Град Скопје во наредните два месеца.
Студентите од четвртиот семестар ќе ја подигнуваат јавната свест за хуманитарната акција преку медиумска промоција. Тие треба да промовираат пораки, идеи и вредности со користење на социјалните и на традиционалните медиуми и со продуцирање на медиумски производи. Радио мрежата Канал 77 и веб порталот fakulteti.mk се главни поддржувачи на студентскиот проект.
Студентите од вториот семестар ќе осмислат и реализираат работилница за млади луѓе со која треба да се поттикне и подобри мотивираноста за волонтерските активности на Црвениот крст.
Проектните задачи се спроведуваат на крајот од секој семестар во кои студентите работат на реални ситуации со кои се соочуваат различни видови на организации.