Учесниците на првиот курс по фотографија на Високата школа синоќа го имаа последниот час и се стекнаа со соодветен сертификат, валоризиран во три ЕКТС кредити. Изминатите пет недели, групата вљубеници во фотографијата ги научија основните техники на оваа уметност: доловување на вистинскиот момент, играта со светлото и боите, композицијата и слични содржини. Курсот по фотографија го предаваше, докажаниот фоторепортер Томислав Георгиев.
Оваа обука е дел од курсевите за професионален развој и доживотно учење кој се реализирана во рамки на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.