Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Алумни групата на Високата школа се прошири за уште четири нови членови. Студентите Петар Клинчарски, Крум Јаневски, Бобан Нонковиќ и Арбана Ќерими се новите дипломирани новинари. Нивните дипломски трудови се новинарски истражувања кои допираат актуелни и провокативни теми, обидувајќи се дадат одговори на прашања од јавен интерес.

Петар Клинчарски истражуваше како се трошат парите на студентите кои се сместени во студентските домови предвидени како задолжителни трошоци за културен-забавен живот и за штета. Неговото истражување покажа исклучетелно нетранспарентен однос на раководството на Државниот студентски центар за трошење на речиси 40.000 евра за 2013 година.

Крум Јаневски пак го постави прашањето за инвазијата на надрилекари​ во земјава кои ветуваат успешно лекување на тешки болести, но и пасивниот и толерантен однос на одговорните инстуции кон оваа масовна појава. Неговото оригинално теренско истражување прикажува бројни небулози кои бројните бајачи, гатачи, т.н. „железничари“секојдневно им ги нудат на уште побројните „пациенти“ кои се почесто лекот го бараат во алтернативната, отколку кај традиционалната медицина.    

Бобан Нонковиќ својот дипломски труд го посвети на грчкиот т.н. нон-пејпер​ што кружи во евро-институциите во Брисел со наслов „Прашањето за името на БЈРМ: одговор на обвинувањата од Скопје“, во кој Грција ја официјализира забраната за слетување македонски авиони ако имаат придавка, код или друго кое што има ознака со името „Македонија“.

Арбана Ќерими ги истражуваше наодите и причините за зголемената присутност на вехабистичкото движење во Македонија.

Студентите Петар Клинчарски и Бобан Нонковиќ веќе работат како новинари во информативниот портал А1.Он, односно во МИА. Арбана Ќерими привремено е ангажирана во НВО „Цивил“, но својата кариера треба да ја продолжи во Алсат - М ТВ, како стипендист на оваа медиумска куќа. Крум Јаневски во моментов е без професионален ангажман.

Повеќе слики од настанот