Како прилично непознатите интернет алатки за истражување да станат дел од секојдневната истражувачка работа на новинарите, беше темата на предавањето на Сем Вакнин, главниот уредник на он-лајн магазинот „Глобал Политишн".
Гостинот предавач презентираше повеќе интернет сајтови кои не се лесно достапни за пошироката јавност и низа истражувачки техники со цел да се дојде до значајни информации од областа на политиката, економијата и за други важни теми кои го засегаат јавниот интерес. Предавањето на Вакнин се реализираше во рамките на предметот Истражувачко новинарство кој го следат студентите по новинарство во последниот шести семестар.