Во текот на април Високата школа ќе организира нов сет на курсеви, за кои пријавувањето трае до 7 април. Курсевите се наменети за оние кои сакаат да стекнат или да ги усовршат своите вештини во областа на односите со јавноста, комуникациите, маркетингот, медиумите, но и за изработка на магистерски и докторски скици.
Заинтересираните учесници можат да се пријават за следните курсеви:
• Планирање на ефикасна кампања за односи со јавноста;
• Вирален маркетинг vs класични интегрирани маркетинг комуникации;
• Скици за магистерски и докторски трудови;
• Фотографија;
• Вештини за креативно пишување;
• Креативно и убедливо зборување;
• Радио-водителство
• ТВ водителство
Курсевите за односи со јавност и маркетинг ќе ги оспособи учесниците за планирање на успешни кампањи, комуникација на корпоративниот бренд, градење на репутација, комуникација со медиумите и со целните публики, како и за подготовка на впечатливи настапи, презентации и говори. Курсевите за медиуми ќе ги обучуваат посетителите со вештини за радио и телевизиско водителство, да генерираат вести за традиционалните и новите медиуми, да го совладаат креативното пишување и фотографските техники.
Предавањата ќе се реализираат во групи од по 10 учесници, на кои ќе се нудат практични решенија и совети за предизвиците со кои се соочуваат професионалците во секојдневното работење, како и за последните трендови во индустријата. Сесиите ќе содржат реални примери, студии на случај и практични вежби прилагодени на локалните услови, кои ќе се разработуваат под менторство на предавачи кои се долгогодишни етаблирани професионалци од Македонија и од Словенија.
Курсевите можат да се следат и онлајн. По завршувањето, учесниците добиваат сертификат или определен број ЕКТС кредити, во зависност од спецификата и тежината на курсот.
Лице за контакт:
Лејла Шабан
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
http://www.vs.edu.mk/kursevi
02/3090 004