Студентите ги усовршуваа специфичностите на телевизијата како медиум преку практична настава за снимање и монтирање и за читање во микрофон во рамки на предметот ТВ новинарство.
За да се оспособат за работа како телевизиски новинари, студентите ги учеа основните вештини и технички апекти, почнувајќи од начинот на новинарско пишување за ТВ, преку правилата за снимање и монтирање, се до уметноста на ставањето на зборовите и сликите заедно. Тие научија дека при конструирање на новинарска приказна за телевизија, треба особено да се сфати важноста на сликите и да се применува разговорното пишување.
Студентите имаат можност да ги применат стекнатите вештини со изработка на телевизиски прилози, како и на емисија на крајот од семестарот.