Студентите по новинарство го осознаа процесот на подготовка и печатење весници при посетата на „Графичкиот центар“ во Скопје. Низ обиколката во печатницата, тие го почувствуваа мирисот на хартија и звукот на машините кои информацијата ја претвораат во форма и облик.
Идните новинари можеа да видат како од куповите хартија, со четирите основни бои за печатење и преку машините се печатат весници во илјадници примероци секој ден. Работната атмосфера во печатницата им го долови на студентите „раѓањето“ на списанијата, календарите и каталозите, од користење на компјутерски програми за графички дизајн, печатење до дистрибуција на печатените материјали до рацете на читателите.
Посетата се реализираше во рамки на предметот Печатени медиуми.