Како се обезбедуваат средства за финансирање на општествено корисни теми и кои алатки се користат за нивно промовирање беше интересот на студентите по односи со јавност при посетата на Црвениот крст на Град Скопје.
Координаторката на проектот „Промоција на хумани вредности“, Александра Ристевски им ги претстави правилата и принципите на социјалниот маркетинг и кампања кои се применуваат во управувањето со вакви проекти. Таа објасни како се определуваат целните групи, како се финансираат проектите, кои промотивни активности и техники се користат, но и како се евалуира зголемената свест кај публиката за општествено значајни прашања.
Студентите се запознаа и со другите социјални активности на Црвениот крст, како што се дарувањето крв, обуки за прва помош, дејствување при катастрофи, пунктови за бездомници и слично. Тие ги кажаа и своите гледишта како до сега се промовираат и како може да се подобри претставувањето на овие активности кон пошироката јавност.
Посетата се организираше во рамки на предметот Социјален маркетинг.