Економската редакција е голем предизвик за новинарската професија. Ова е алка која ги поврзува вистинското новинарство и сложената стручна терминологија, со која, преку реални ситуации, се запознаа студентите од втора година на насоката Новинарство.
„Јас не можев да ја разберам економијата, но таа е егзактна наука која се учи и разбира, само доколку и посветите доволно внимание. Она што сакам да го нагласам е да ги проверувате вашите извори на информации. Никогаш немојте премногу да им верувате“, ги советуваше студентите новинарот Младен Чадиковски.
Освен за вклученоста на економијата во новинарството, Чадиковски зборуваше и за професионалниот пристап во новинарската професија и за денешната состојба на новинарите почетници со уредниците.
Посетата се реализираше во рамките на предметот Известување за економија.