Студентите на Високата школа кои овој семестар го следат предметот ТВ новинарство ја посетија редакцијата на Македонската телевизија и непосредно се запознаа со процесо на продукција на вести. Горан Петрески, главниот уредник на информативната програма на студентите им го претстави начинот на организација, уредувањето, планирањето и финална продукција на дневните изданија на вестите. Студентите одблизу се запознаа со обврските на еден новинар во дневно-информативната програма, теренската работа иначинот на подготовка на прилозите, монтажата која е дел од централизираниот компјутерски систем на МТВ, режијата и студиото од кое се емитуваат вестите.
Студентите разговараа и со други поискусни колеги во ТВ новинарството, Владимир Поповски и Зоран Богатинов, кои споделија лични и незаборавни искуства од терен, а разговараа и за уредувачката политика и постоењето (авто)цензура во јавниот сервис.