Студентките на Високата школа Надица Биџовска и Симона Марковска имаа можност да ја искусат Холандија на начин на кој само студентите можат да ја доживеат. Тие беа на студентска размена еден семестар на Универзитетот Виндесхеим преку програмата ЕРАСМУС.
Студентките добија додаток на диплома од овој европски универзитет, а според ЕКТС и договорот за соработка меѓу двете високообразовни установи, стекнатите кредити ќе им бидат признаени од Високата школа. За студискиот престој, студентките добија стипендии преку Програмата за мобилност на Европската комисија ЕРАСМУС.
Тие велат дека начинот на студирање им бил многу познат затоа што Високата школа работи според истите принцип на овој меѓународен универзитет. „Оваа одлична можност не треба да се испушти, ова е огромно искуство кое ќе ни го промени животот. Ги советувам сите студенти коишто ќе имаат можност да заминат во странство да не ја испуштаат оваа шанса“, ни рече Надица.
Тие велат дека студирајќи со врсници од целиот свет, запознале нови култури и стекнале нови навики и пријателства. Корпоративното видео за Универзитетот Виндесхеим, изработено во тимови, го потврдува тоа.
Повеќе фотографии од студентската размена