Високата школа и Институтот за комуникациски студии потпишаа договор за соработка со Факултетот за организациски науки на Универзитетот во Белград којшто предвидува да делуваат заеднички во областа на високото образование и академските истражувања. Најголемиот и најстар државен универзитет во Србија е рангиран на Шангајската листа меѓу 400-те најдобри светски универзитети.
Со договорот се воспоставува можности за студиска размена, развој на заеднички студии, истражувања, обуки и други едукативни програми. Примарна цел е да се создаде соработка во размената на студенти и наставен кадар и на академски и информации од различни истражувања.
Универзитетот во Белград е десетата високообразовна институција со која се остварува меѓународна соработка. Досега постои соработка со Универзитетот Виндесхеим од Холандија, Универзитетот од Љубљана, Универзитетот во Барселона, Данската школа за медиуми и новинарство, Универзитетот Витаутас Магнус од Литванија, Универзитетот од Тирана, Факултетот ДОБА од Словенија, Колеџот за комуникации во Бања Лука и Универзитетот Западна Каролина од Америка.
При Школата е формирана Катедрата на УНЕСКО за медиуми, а членува во Европската асоцијација за образование на новинари (EJTA) и Европската асоцијација за образование и истражување на односите со јавноста (EUPRERA).