Високата школа стана придружен член на Мрежата за медиумска и информациска писменост и интеркултурен дијалог на УНЕСКО и Обединетата алијанса на цивилизации. Целта на оваа Мрежа која постои од 2010 година, е развивање и промоција на програми за медиумска и информациска писменост и интеркултурен дијалог на национално, регионално и глобално ниво, креирање отворени ресурси и иницијативи за промоција на слободата на изразување, слободен проток на идеи и знаења, граѓански активизам и разбирање и поврзување меѓу културите.
Членството во оваа Мрежа за Високата школа значи соработка со останатите високообразовни институции-членови и учество во активности и публикации и базата на ресурси www.milunesco.unaoc.org, како и учество во Надзорниот одбор.
Мрежата е основана во 2010 година од осум реномирани универзитети: Автономниот универзитет од Барселона, Шпанија, Каиро Универзитетот, Египет, Чингуа Универзитетот од Пекинг, Кина, Темпл Универзитетот од Филаделфија, САД, Универзитетот на Сан Паоло, Бразил, Квинслен Универзитетот за технологија, Австралија, Вест Инди Универзитетот од Мона, Јамајка, Сиди Мухамеди Бен Абдула од Фез, Мароко.