Студентите Емилија Петреска и Новица Коцев беа на обука за „Собирање податоци за истражувачко новинарство“ што УНДП ја организираше во ноември во Молдавија.
Кога последен пат сте чуле вест за Молдавија? За земјата која некогаш беше дел од Советкиот сојуз многу малку се слуша, иако се работи за општество во кое врие од проблеми: општата економска стагнација, растечкиот криминал, трендот на демографско опаѓање – сите овие нешта укажуваат на тоа дека на Молдавија не и’ оди добро. И како што вели нашата дописничка, која отиде во Молдавија за обука на млади новинари од Југоисточна Европа, една од главните причини за ова е пропаѓањето на образовниот процес во земјата. Анализа на Емилија Петреска од главниот град на Молдавија:
{youtube}dwgq-iwXdGs{/youtube}
Криминалот, проституцијата и трговијата со човечки органи се тема на дваесет и првиот век. Молдавија е земјата со највисок пораст на овие појави, а пристапот до информации за овие податоци е ограничен. Годишните проценки покажуваат дека над 700.000 лица во Молдавија се жртви на некаква злоупотреба. Состојбата на земјата беше влошена уште пред десет години, а за нејзината сегашност, опишува Новица Коцев.
{youtube}1NUiPKBHl-M{/youtube}