Експертскиот панел составен од долгогодишни професионалци во филмската, телевизиската и индустријата на видео игри треба да придонесе во изготвувањето на предлог-рамката за зајакнување и поттикнување на развојот на аудиовизуелните креативни индустрии во Македонија.
Нацрт-текстот на стратешката рамка ќе биде изработен врз основа на наодите од студијата за мапирање и заклучоците од конференцијата и од работилницата што досега беа спроведени во рамки на проектот за мерење на економскиот придонес на аудиовизуелната индустрија во Македонија. Членовите на панелот треба да предложат насоки како може да се операционализираат заклучоците во праксата, како и да дадат мислења и предлози кои дополнителни активности треба да се преземат за поддршка и развој на аудиовизуелната дејност. Предлог рамката ќе биде ставена на јавна расправа и доставена до сите надлежни институции и засегнати страни за разгледување и сугестии.
Експертскиот панел го координираа тим на Катедрата на УНЕСКО при Високата школа, којашто го спроведува проектот.