20-те ученици од економско-правните училишта „Васил Антевски Дрен“ и „Арсени Јовков“ се први меѓу стотината средношколци кои Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ќе ги обучува за медиумска и дигитална писменост. Учениците ќе дознаат што е и зошто е важно да се медиумски писмени во период кога се изложени на информации од разни извори и пораки, но ќе добијат совети и како да се заштитат. Обучувачите Александра Теменугова и Дејан Андонов ќе ги воведат во основите на медиумската култура и основите на новинарството со цел да стекнат знаења и вештини кои ќе ги применуваат при креирањето содржини за матичните училишни весници. Нивните текстови редовно ќе се линкуваат на веб страницата за средношколци www.medium.edu.mk.
Освен овие две училишта, во проектот се вклучени уште осум училишта од град Скопје. Овие работилници се прават со цел да се поттикне критичкото и аналитичкото размислување и делување кај тинејџерите, интензивирање на работата на новинарските секции во средните училишта и он-лајн весниците и промоција на младинскиот активизам.
Проектот се реализира со делумна поддршка на белгиската фондација „Евенс“.