Како се менаџира, кој е рецептот за успешен бизнис во практиката и како функционираат менаџментот и односите со јавност во една компанија можеа да дознаат студентите во дискусијата со менаџментот на „Адора Инженеринг“.
Генералниот директор Ванчо Чифлиганец ги запозна студентите со неговото професионално искуство, поткрепено со постојана едукација, што резултира со менаџирање на компанија која денес е лидер во градежништвото и 11-та најуспешна компанија во Македонија. Според Чифлиганец, најважно за успешеното менаџирање се опсежни анализи, добра стратегија и конкретна цел во бизнисот, баланс меѓу традиционалните вредности и иновациите, отворање нови можности, но и непосредна комуникација со вработените.
Извршниот директор Драгана Чифлиганец им ги пренесе на студентите сопствените искуства од теоретската едукација и практичната работа, сопствениот развоен пат до менаџерската позиција, како и за важната улога на примената на современите стандарди во работата на компанијата.
Менаџерот за односи со јавноста Нина Кепеска го истакна знечењето на коректната комуникација внатре во компанијата и односите со надворешната јавност, кои придонесуваат за создавање, негување и надградување на идентитетот и добриот имиџ на компанијата.
Посетата беше организирана во рамки на предметот Организација и менаџмент.