Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Истражување на целните групи и пазарот, промотивни активности и алатки и план за кризна комуникација ќе осмислат и изработат студентите по односи со јавноста за издавачката куќа „Арс Ламина“, којашто оваа година е клиент во рамки на семестралните проектни задачи.

Студентите ги изработуваат проектите поделени во три области според семестарот што го следат. Едните треба да направат истражување на пазарното окружување и перцепциите на целните групи на издавачката куќа и врз основа на добиените информации, треба да предложат повеќе активности преку кои ќе се промовира „Арс Ламина“. Вторите ќе ги подготоват алатките за односи со медиумите. Третите треба да одредат потенцијална ситуација која се смета за приоритетен и потенцијален ризик, со кои се соочува или може да се соочи клиентот и да разработат стратегија како да се комуницира со јавноста во случај на криза.

Проекните задачи претставуваат реални професионални ситуации со кои студентите ќе се соочат како практичари по корпоративни комуникации и односи со јавноста. Главната цел е да се интегрираат теоретското знаење и вештините во практични услови.

Повеќе слики