Како да се подготвиме пред да одиме на планиран настан, што се случува на уреднички колегиум во една редакција, како и каде се раѓаат идеите за новинарските стории?
Одговорите на сите овие прашања идните новинари се обидоа да ги најдат на интерактивната настава по предметот Основи на новинарството. Во текот на првиот модул студентите добија сознанија за најбитните историски факти за развојот на новинарството, се запознаа со улогата на оваа професија во општеството, но и со одговорностите што со себе ги носи оваа работа.
Студентите учеа како да интервјуираат извори присуствувајќи на изјавата на Лилјана Поповска, претседателка на политичката партија ДОМ, присуствуваа на колегиум во весникот „Нова Македонија“ и практицираа новинарство креирајќи го својот прв весник „Дневен збор“.