Современите практики за едукација за различности е една од главните теми на Форумот за инклузивност и различности во новинарството, обуката во медиумите и медиумската писменост што се одржува во Фиренца, Италија.
Практиките за едукација на Високата школа ги претстави предавачот Марина Тунева, образложувајќи ги досегашните искуства и активности на Школата на ова поле.
На Форумот учествуваат 40-тина претставници на високообразовни установи, медиуми и експерти од оваа сфера, како дел од проектот МЕДИАНЕ – Медиумите во Европа за различности и инклузивност.
МЕДИАНЕ е заедничка програма на Советот на Европа и Европската унија која се реализира во периодот 2013-2014 година. Нејзината главна цел е застапување и стимулирање инклузивен и интеркултурен пристап во продукцијата на медиумски содржини, преку анализа и размена на практики, поврзување на различните актери во европската медиумска индустрија и креирање индекс на различности и инклузивност во медиумите.