Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Вести

Спонзорство е еднакво на бизнис партнерство од кое бенефити имаат и менаџерот на настанот и спонзорот. Затоа потенцијалниот спонзор треба да има иста цел, целна група или порака со настанот. За спонзорството на настани студентите по односи со јавноста дискутираа со гостинот предавач Бранка Бугариска, стручњак за односи со јавноста во издавачката куќа „Арс Ламина“.

Бугариска вели дека организаторот на настанот не мора секогаш да добие само финансиска поддршка од спонзорот, туку и медиумска поддршка, печатарски услуги, кетеринг и друг тип на услуги или компензација. За возврат спонзорот очекува придобивки од настанот како што е подобрен имиџ, публицитет, комуникација со јавноста, пристап до контакт листи, зголемена продажба или даночни олеснувања.

„Во барањето за спонзорство треба да се направи листа на потенцијални спонзори и вашите очекувања од нив, како и да се димензионира барањето според нивните визии и можности. Ако имате можност, доставете го барањето многу порано, пред да се затворат буџетите за следната година. Слушнете ги потребите и можностите на компанијата и бидете флексибилни. Бидете креативни, понудете и несекојдневни начини за видливост на спонзорот. Размислувајте долгорочно, понудете годишна соработка и одржувајте комуникација со спонзорот“, рече Бугариска.

Таа им посочи на студентите дека по склучување на договорот за спонзорство, програмата на активности треба да се состави заедно со спонзорот, за подобра видливост на настанот и за исполнување на неговите цели преку спонзорството. Со спонзорот треба јасно да се поделат одговорностите и да се договорат критериумите и начинот на мерење на ефектите, а по завршување на настанот треба да се подготви извештај за активностите, ефектите и за другите информации релевантни за спонзорот.

На крајот, Бугариска ги советуваше идните организатори на настани дека соработката со спонзорот треба да продолжи и по завршувањето на настанот со договарање на понатамошните чекори на партнерстовото.

Гостувањето се одржа во рамки на предметот Менаџирање настани и буџетирање.