Студентите ги учеа правилата и техниките да раскажат некоја приказна преку употреба на фотографии. Со фотографската умешност тие ќе умеат да ги пренесат настаните посликовито и да предизвикаат брза емоција кај публиката.
За да се направи креативна фотографија, мора да се извлече најдоброто од некоја тема и правилно да се постават елементите во кадарот. Затоа на часовите по Фотографија, графика, дизајн студентите учеа како преку објективот да го привлечат вниманието на гледачот, да го задоволат окото и да дадат поента на фотографијата. Тоа ќе им помогне да прават фотографии кои ќе сугерираат движење, живот, длабочина, форма и креирање на жива и впечатлива сцена.