Студентите на Високата школа трета година по ред престојуваат еден семестар во Холандија и студираат на партнерскиот универзитет „Виндесхеим“ во Зволе. Оваа година, можноста ја добија студентките Надица Биџовска и Симона Марковска.
Тие велат дека начинот на студирање им е многу познат затоа што Високата школа работи според истите принцип на овој меѓународен универзитет и дека тоа многу им го олеснува учењето. „Високата школа ни ја пружи оваа огромна и незаменлива можност да студираме еден семестар во странство. Јас ја одбрав оваа европска држава токму поради сличниот начин на студирање кои што го имаа двата универзитета. Оваа одлична можност не треба да се испушти, ова е огромно искуство кое ќе ни го промени животот. И ги советувам сите студенти кои што ќе имаат можност да заминат во странство да не ја испуштаа оваа шанса“, вели Биџовска.
Студентките сметаат дека тоа што наставата и полагањата се одржуваат на англиски јазик е уште една можност за усовршување на знаењето. Но, овде не станува збор само за учење, велат тие, туку и стекнување нови навики, дружење и развивање на интеркултурните комуникации, запознавање на други култури, учењето на различни јазици и рушење на претходно стекнатите стереотипи.