Студентите по новинарство разговараа за различните медиумски концепти со познатиот новинар и долгогодишен дописник од Атина Зоран Андоновски.
Андоновски зборуваше за сличностите и различностите во функцинирањето на медиумите во Македонија, Грција и САД. Студентите покажаа особен интерес за правата и обврските на новинарите и начинот на финансирање и функционирање на медиумите во соседна Грција. Инаку, Андоновски
Во рамки на предавањето по предметот Медиумски концепти и известување за политика се зборуваше и за функциониарњето на медиумите во демократски и во авторитарни системи, како и за законските регулативи кога станува збор за слободата на говорот и на печатот.