Петстотини бесплатни книги беа поделени на најпопуларната скопска улица Македонија, позната по редовното саботно пиење кафе. Оваа сабота посетителите на скопските кафулиња, но и случајните минувачи, дома си заминаа со по една книга од издавачката продукција на „Матица“, учесник во кампањата „Читај секаде“ што ја организираа Високата школа за новинарство и радиото Клуб ФМ, со медиумска поддршка од „Нова Македонија“.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121911937481&id=16&setIzdanie=22459