Pricing Table Particle

Quickly drive clicks-and-mortar catalysts for change
  • Basic
  • Standard Compliant Channels
  • $50
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 1 GB of space
  • Support at $25/hour
  • Sign Up
  • Premium
  • Standard Compliant Channels
  • $100
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 10 GB of space
  • Support at $15/hour
  • Sign Up
  • Platinum
  • Standard Compliant Channels
  • $250
  • Completely synergize resource taxing relationships via premier market
  • 30 GB of space
  • Support at $5/hour
  • Sign Up
Проекти - Архива

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ја организираше тркалезната маса „Глобалните трендови и иновациските комуникации во односите со јавноста“ во соработка со Канцеларијата на УНЕСКО од Венеција на 11 јули 2011 година во Скопје. Настанот се реализираше како дел од Катедрата на УНЕСКО за Медиуми, дијалог и заемно разбирање при Високата школа, чија цел е преку различни активности, размена на знаења и споделување искуства да ги зајакне капацитетите и соработката во областа на комуникациите.

 

Студентите изработија постери за изложбата на тема „Бранители на човекови права“. Изложбата се претстави во рамките на настанот за одбележување на Меѓународниот ден за човекови права - 10 декември што го организираа Канцеларијата на Обединетите нации и Делегацијата на Европската комисија во Македонија.

„Multi via media“ е проект којшто ја јакне меѓуетничката комуникација меѓу средношколците од Македонија преку користење на мултимедијални алатки. Проектот со креативни и забавни активности ја подига свеста кај младите дека тие иако потекнуваат од различни заедници, сепак споделуваат заеднички потреби и интереси кои се побројни и позначајни од нештата што ги раздвојуваат.

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е партнер во тригодишниот проект на Вестминстер фондацијата за демократија „Зајакнување на парламентот и демократијата“. Школата работи во делот на проектот насочен кон зголемување на транспарентноста во работењето на Собранието на Република Македонија и кон подобрување на новинарското известување за законодавниот дом.