Школарината за студирање за академската 2012/2013 година изнесува 58.900 денари годишно. Износот се плаќа на следниот начин:

- 12.400 денари при запишување на Високата школа (при поднесувањето на документите и потпишувањето на договорот за студирање) и

- по 7.750 денари месечно во периодот од септември до февруари, најдоцна до 15-ти во месецот.

При запишувањето може да се уплати и целиот износ на годишната школарина.

Дополнителни трошоци

Дополнителните трошоци во текот на студирањето се однесуваат на:

- полагање колоквиум - 310 ден. (два колоквиума во еден семестар)
- полагање испит - 620 ден. (на крајот на семестарот)
*Предметите се полагаат преку колоквиуми или преку испит.

- литература - учебниците од едицијата ExLibris на Високата школа. Материјалите за останатите предмети се во .pdf формат

- пријава и одбрана на дипломската работа - 3.100 денари (до денот на поднесување на предлог проектот за дипломска работа)

- издавање на уверение и диплома за завршен прв циклус - 3.100 денари (до денот на одбрана на дипломската работа).

Начин на уплата

Уплатата се врши во банка или во пошта.

Корисник: Висока школа за новинарство и за односи со јавноста

Жиро сметка: 210 0638139101 88

Депонент: Тутунска банка А.Д. Скопје