pastedImage300x260Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Високата школа за новинарство и односи со јавноста се дел од организацискиот одбор на научната конференција „Медиумска историја и медиумска трансформација“ која ќе се одржи во Приштина, Косово на 23 септември, 2017 година. Главниот организатор на конференцијата е ААБ Колеџот за комуникации од Приштина.

Во рамки на конференцијата е отворен и повик за поднесување на апстракти на различни теми од областа на медиуми и комуникации. Крајниот рок за поднесување на апстрактите е 1 август, 2017 година.

На следните линкови можете да најдете повеќе информации за тоа како можете да се пријавите за учество, и да ги погледнете темите на кои се препорачува да се фокусираат трудовите:

http://konferencat.aab-edu.net/iccms2017/en/

http://konferencat.aab-edu.net/iccms2017/en/topics