Предавачи на Високата школа учествуваа на регионалната конференција „Медиумската писменост и образовните потреби на новинарите и на публиката“, што ја организираше Македонскиот институт за медиуми на 27 и 28 март во Скопје.

На настанот на кој учествуваа педесетина експерти од медиумската сфера, академијата, граѓанскиот сектор, претставници на институции и на меѓународни организации од земјите на Југоисточна Европа и од Турција, беше презентиран и извештајот за медиумската писменост и образовните потреби на новинарите и на публиката во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Црна Гора. Притоа, се разговараше за моделите на новинарското образование и за состојбата со медиумската писменост на публиката, како и за нивното значење за слободата на изразување и слободата на медиумите.

Жанета Трајкоска ги презентираше наодите од истражувањето за состојбата со новинарското високо образование во земјите од регионот, кое што Школата го реализираше во рамките на проектот „Градење доверба во медиумите во ЈИЕ и Турција“ во соработка со УНЕСКО и Европската Унија, а Александра Теменугова од Високата школа ги сумираше резултатите од истражувањето за медиумската писменост во средното образование, медиумите и граѓанскиот сектор.

Конференцијата се организираше во рамки на регионалниот проект „Партнерство за развој на медиумите во Југоисточна Европа“, кој го спроведува Центарот за независно новинарство од Романија во соработка со осум медиумски организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Бугарија, а со поддршка од Европската Унија. На конференцијата учествуваа педесетина експерти од медиумската сфера, академијата, граѓанскиот сектор, претставници на институции и на меѓународни организации од земјите на Југоисточна Европа и од Турција.

Фотографиите од настанот се тука