Во подготовка е нова публикација „Прирачник за застапување и лобирање во Собранието на РМ“, која има за цел да им помогне на граѓанските организации и граѓаните како низ лавиринтот на парламентарните процедури да се наметнат и да бидат дел од Собраниската агенда. Прирачникот е во форма на водич кој дава објаснувања за формалните и неформални законски процедури, како и насоки за подготовка на комуникациска стратегија за застапување и лобирање. Иста така, прирачникот дава препораки како да се подобри соработката со парламентот, но и како народните претставници да ги согледаат реалните проблеми и потреби на граѓаните и да одговорат на нив.