vs-priracnik-javni-politikiПредавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Вестминстер фондацијата за демократија изработија Прирачник за истражување и за пишување документи за јавни политики кој има за цел да им помогне на граѓанските организации кои сакаат да иницираат општествена промена, базирана врз истражување и аргументи со коишто ќе ја оправдаат таа промена. Тој се состои од насоки и совети што ги објаснуваат сите фази на истражувањето, почнувајќи од неговото планирање, реализација и пишување на документот за јавни политики (Policy paper) и на резимето на јавната политика (Policy brief).

Прирачникот е базиран на темите и предавањата од обуките за Истражување за застапување и за Пишување документи за јавни политики што ги реализираше Школата за претставници на 12 граѓански организации кои иницираа законски промени.

Изработката на прирачникот е во рамките на проектот „Граѓаните во Собранието: законодавни иницијативи за човекови права“ и е финансиран од Европската Унија, а кофинансиран од Вестминстер фондацијата за демократија.