Целта на оваа анализа е да ја претстави актуелната состојба во која се наоѓа аудиовизуелниот сегмент, како дел од поширокиот сектор на креативните индустрии во Македонија. Во аудиовизуелната индустрија, во овој контекст, се сметаат филмот, телевизијата, видео-игрите и мултимедијалната продукција, односно индустриите кои произведуваат содржини или дела што се состојат главно од звук и од подвижни слики, или пак само од подвижни слики.