Payday loans

Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Вестминистер фондацијата за демократија во соработка со Високата школа за новинарство и за односи со јавноста на 15-ти ноември организираа панел дискусија на која беа презентирани 11-те документи за јавни политики кои граѓанските организации ги подготвија во рамки на проектот  “Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права”  а имаат за цел приближување на граѓанското општество до Собранието.

curricula-vest Во тек е уписот на Онлајн професионалната програма за иновативен менаџмент. лидерство и стратегиски комуникации - е-ПРОФМАН. Програмата е наменета за студенти и млади професионалци до 35 години и нуди целосни стипендии. 

vs-vesti-vest-3 На 10 ноември беше организиран брифинг за новинари со цел да се пренесат наодите од истражувањата коишто 12-те граѓански организации ги рефлектираа во документи за јавни политики а кои се однесуваат на различни општествени теми: (не)заштитени права на пациенти, последици за граѓаните од неефективно судство, недостаоци во здравствената и социјална заштита, дискриминација на студенти, малолетнички бракови и др.

Граѓанските организации Вилсон Македонија, Македонска платформа против сиромаштија, Инклузива, Рома С.О.С., Центар за правни истражувања и анализи, Институт за човекови права, ЏЕФ и Цивил, Слободен софтвер, Младински образовен форум (МОФ), ХОПС и Метаморфозис ги презентираа Документите за јавни политики, базирани на истражувања со цел да ги оправдаат своите барања за законски измени. Нивните иницијативи се однесуваат на различни сфери од општественото живеење: (не)заштитени права на пациенти, последици за граѓаните од неефективно судство, дискриминација на студенти, малолетнички бракови и сл.

На 15 ноември ќе биде организирана панел дискусија на која ќе бидат презентирани 11 документи за јавни политики кои граѓанските организации ги подготвија во рамки на проектот “Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права” а имаат за цел приближување на граѓанското општество до Собранието.

vs-priracnik-javni-politiki Предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Вестминстер фондацијата за демократија изработија Прирачник за истражување и за пишување документи за јавни политики кој има за цел да им помогне на граѓанските организации кои сакаат да иницираат општествена промена, базирана врз истражување и аргументи со коишто ќе ја оправдаат таа промена. Тој се состои од насоки и совети што ги објаснуваат сите фази на истражувањето, почнувајќи од неговото планирање, реализација и пишување на документот за јавни политики (Policy paper) и на резимето на јавната политика (Policy brief).

Почетна
Претходна
1
Copyright © 2011 Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.
Сите права се задржани. Содржините на оваа веб страница не смеат да бидат репродуцирани, дистрибуирани или на друг начин користени, освен со писмена согласност од Високата школа.