Payday loans

Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Студентите по односи со јавноста ја реализираа работилницата за зајакнување на волонтерството меѓу млади волонтери на Црвениот крст на Град Скопје. Работилницата се спроведе како дел од Проектната задача во вториот семестар која студентите ги стави во реална ситуација како идни професионалци по односи со јавностa.

Студентите по односи со јавноста го реализираа проектот „Солидарен оброк“, преку којшто медиумски ја промовираа хуманитарната акција за донирање оброци за социјално загрозените луѓе во Македонија. Проектот го реализираа во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, а медиумски поддржувачи на кампањата беа Радио Канал 77 и Fakulteti.mk.

Почнувајќи од јануари 2014 година, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста учествува во меѓународниот истражувачки проект (Ин)Формирање за превенција, реакција и решавање на конфликти (INFOCORE), финансиран од 7мата Рамковна програма на Европската комисија. Главната цел на проектот е да се истражи улогата на медиумите во појавувањето или спречувањето, во ескалирањето или деескалирањето, во менаџирањето, решавањето или процесот на помирување по насилните конфликти.

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, поддржана од Министерството за образование и наука на РМ го објавуваат конкурсот за најдобар средношколски медиумски производ „Изрази се преку медиумите“. Средношколците може да аплицираат на конкурсот со текст, фотоприказна или едноминутнo видео на тема „Можеш да придонесеш! Активирај се и помогни во заедницата.“.

 

Почетна
Претходна
1

Osnovni-Informacii100_09
Nasi-Luge100_09
Biblioteka100_07
Informator100_07
Vesti100_07
Galerija_06_06
MIM100_07
Mediumite-za-nas_07

Copyright © 2011 Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.
Сите права се задржани. Содржините на оваа веб страница не смеат да бидат репродуцирани, дистрибуирани или на друг начин користени, освен со писмена согласност од Високата школа.