Payday loans

Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Центарот за истражување на комуникациите и репутацијата спроведува истражувања во три клучни области на корпоративното комуницирање: корпоративниот идентитет, корпоративната репутација и управувањето со комуникациите.

Истражувањата се спроведуваат врз основа на строги методолошки стандарди, а нивното финансирање се обезбедува со поддршка од компаниите од приватниот сектор и од фондациите кои финансираат истражувачки проекти во оваа област.

Работата на ЦИКР има за цел да обезбеди поддршка на процесот на наставата и учењето. Студентите имаат можност да работаат на конкретни истражувачки проекти поврзани со областа што ја изучуваат, со што се обезбедува поврзување на теоретските и практичните знаења.


Центарот има за цел:

  • да обезбеди поволно опкружување и поддршка за развој на академските и применетите истражувања во областа на корпоративното комуницирање кои се поврзани со процесот на наставата и учењето (создавање и ширење на знаењето)
  • да промовира и развива релевантни академски и применети истражувања чија цел е да обезбеди стручна помош на индустријата, јавниот и цивилниот сектор во областа на комуницирањето;
  • да го поттикнува развојот на младите кадри во истражувачката дејност преку вклучување на студентите и на други млади истражувачи во оваа област;ж
  • да развива иновативни идеи и правци на академски и применети истражувања во областа на корпоративното комуницирање;
  • да го развива и поттикнува придонесот на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во развивањето на професионалните стандарди во областа на корпоративното комуницирање и односите со јавноста.


Istrazuvanje100_09
istrazuvacki-tim
Copyright © 2011 Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.
Сите права се задржани. Содржините на оваа веб страница не смеат да бидат репродуцирани, дистрибуирани или на друг начин користени, освен со писмена согласност од Високата школа.