Payday loans

Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Понеделник, 14 Ноември 2016 10:13

curricula-vest Во тек е уписот на Онлајн професионалната програма за иновативен менаџмент. лидерство и стратегиски комуникации - е-ПРОФМАН. Програмата е наменета за студенти и млади професионалци до 35 години и нуди целосни стипендии. 

Онлајн курсевите вклучуваат можности за учење преку нудење реални услуги и вклучување во проекти фокусирани на применливи проекти. Менторството и пристап заснован на решавање проблеми обезбедува стекнување нови вештини кои можат веднаш да се применат во професионалната пракса. За оваа цел, е-ПРОФМАН има воспоставено квалитетни односи со бизнис заедницата.

Курикулумот нуди вештини во следниве области:

  • Бизнис принципи и процеси: иновативни менаџмент, претприемништво и лидерство;
  • Комуникациски менаџмент: корпоративни и маркетинг комуникации;
  • Истражување: спроведување на применети истражувања;
  • Глобализацијата: интеркултурна комуникација.

е-ПРОФМАН претставува нова иновативна програма која нуди квалитетно и релевантно професионално усовршување, онлајн учење кое овозможува виртуелна мобилност и прекугранична соработка и го охрабрува претприемничкото учење кај младите.

Сите заинтересирани можат да аплицираат онлајн на следната ПРИЈАВА.

Заинтересираните може да добијат повеќе информации за програмата е-ПРОФМАН на www.e-profman.eu, info@e-profman.eu и на социјалните медиуми Фејсбук, ЛинкедИн и Твитер.

 

  ERASMUS-malologo

Copyright © 2011 Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.
Сите права се задржани. Содржините на оваа веб страница не смеат да бидат репродуцирани, дистрибуирани или на друг начин користени, освен со писмена согласност од Високата школа.