Payday loans

Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Високата школа овозможува студентска размена во времетраење од еден семестар на универзитети во Европа со кои има потпишано договори за соработка и мобилност. Размената им нуди можност на студентите да добијат додаток на диплома од европски високообразовни институции, а стекнатите кредити (ЕКТС) да им бидат признаени од Школата. За студискиот престој, студентите можат да добијат стипендии преку Програмата за мобилност на Европската комисија ЕРАСМУС, чиј носител е Школата.

 Препораки за студентска размена

 

Универзитети за студентска размена преку програмата ЕРАСМУС


windesheim

Со повеќе од 20 илјади студенти, илјадници други учесници во студиите и повеќе од 1.800 членови на наставниот кадар, Универзитетот за применети науки „Виндесхеим“ е еден од најголемите универзитети за применети науки во Холандија. Освен што нуди можности за студирање, Виндесхеим е и важен истражувачки центар со неколку институти кои се фокусирани во  различни области.

 
         
                 Галерија од „Виндесхеим“
 
     

 

ljubljanaФакултетот за општествени науки при Универзитетот од Љубљана, кој е меѓу 500-те најдобри на Шангајската листа, спроведува студии и истражувања во согласност со највисоките стандарди за квалитет и етички критериуми и гради силна академска заедница на професори, истражувачи и студенти.

 

vytauti

 

Основан во 1922 година и рангиран меѓу најдобрите 700 универзитети во светот, Универзитетот Витаутас Магнус (Vytautas Magnus Universityis) е една од најлибералните и модерни академски институции во Литванија. Со негување и продолжување на длабоко вкоренетите традиции, Универзитетот има водечка улога не само во литванската, туку и во пошироката балтичка и европска интелектуална и културна сфера.

 

  Универзитетот Бабеш-Болјаи од Клуј Напока, Романија е динамична, но и традиционална институција со длабоки корени во централна Европа и силни меѓународни академски врски. Потекнува да 1581 година, што ја вбројува меѓу најстарите институции за високо образование во Романија. Тоа е најголемиот романски универзитет со приближно 45 илјади студенти, кој се наоѓа на устието на источната и западната култура. Универзитетот нуди широк спектар на меѓународно конкурентни студиски програми на англиски, германски, француски, италијански, унгарски и романски јазик. 

 

 

Автономниот универзитет од Барселона, основан во 1968 година, е рангиран меѓу првите 300 универзитети според Шангајската листа. Универзитетот е европскиот претставник и основач на Мрежата за медиумска и информациска писменост и интеркултурен дијалог на УНЕСКО и Обединетата алијанса на цивилизации. 

 

 

 Универзитети за студентска размена со билатерална соработка

 

danska-skolaДанската школа за медиуми и новинарство е центар за обука и знаење во сферата на медиумите и комуникациите, ставајќи фокус на талентот, доживотното учење и иновацијата.

 

Универзитетот Западна Каролина (WCU) од САД е основан во 1889 година со цел развој на високото образование и можностите за кариера во западниот регион на Северна Каролина. Универзитетот денес нуди едукација на повеќе од 9.000 студенти од целиот свет.

 

 

Факултетот за применети бизнис и општествени студии ДОБА од Марибор претставува модерно бизнис опкружување посветено на развојот на иновативни поединци и на „учењето од далечина“. Високо квалитетните студиски програми ги следат стандардите и барањата на современата европска и глобалната бизнис средина.

 

 

Одделот за новинарство и комуникации при Универзитетот од Тирана има потпишано договор за соработка со Високата школа, со кој се предвидува академска размена во образованието, истражувањата и другите сродни активности, со цел интернационализација на високото образование во студиските програми на двете високообразовни институции.

 

Најголемиот и најстар државен универзитет во Србија е рангиран на Шангајската листа меѓу 400-те најдобри светски универзитети. Универзитетот во Белград е подготвен да ја задржи и да ја подобри својата позиција како водечка институција за високо образование во регионот, прилагодувајќи се на предизвиците на времето, но во исто време зачувувајќи го она што е вредно во неговата традиции, која е призната како национален бренд. 

 

Колеџ за комуникации во Бања Лука е најстарата приватна институција за високо образование во Босна и Херцеговина и првата таква институција во која се изучуваат најважните форми на општествена комуникација.

Novinarstvo100_09
Odnosi-so-javnosta100_09
Zapisuvanje100_07_07
preporaki
Brosura100_09
Apsolventi100_09

Copyright © 2011 Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.
Сите права се задржани. Содржините на оваа веб страница не смеат да бидат репродуцирани, дистрибуирани или на друг начин користени, освен со писмена согласност од Високата школа.