Payday loans

Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
  Во соработка со УНЕСКО, при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е основана Катедра за медиуми, дијалог и заемно разбирање. Катедрите на УНЕСКО (UNESCO Chairѕ) и универзитетските мрежи (UNITWIN networks) имаат примарна цел да ги зајакнуваат капацитетите на високо-образовните и истражувачките институции, преку размена на знаење и споделување искуства, во духот на меѓународната солидарност.
     
  Високата школа за новинарство и односи со корисник на Еразмус+ програмата на Европската Комисија (2014-2020), за образование, обуки, млади и спорт. Оваа програма ги обединува претходните програми на ЕК за доживотно учење, за високо образование и за младински акции. Новата програма, која има буџет поголем за 70% од претходните акции, се фокусира на формалното и неформалното образование низ ЕУ со цел да ги подобри вештините и можностите за вработување на студентите, едукаторите и работниците.
   
erasmus_logo200   Директоријатот за едукација и култура при Европската комисијаи` ја додели Еразмус повелбата на Високата школа што им овозможува на студентите да поминат еден семестар на други европски универзитети до академската 2013/2014 година. Повелбата отвора можност за заеднички проекти со други европски партнери од високото образование и за размена на наставен кадар, што ќе придонесе за развој и подобрување на наставата.
     
  Високата школа е членка на Европската асоцијација за образование на новинари (ЕЈТА) што им овозможува на студентите да студираат на европски универзитети и школи по новинарство и да стажираат во европски медиуми, додека на предавачите да соработуваат во наставните процеси и истражувачките проекти со нивните колеги од Европа.
   
  Европскиот новинарски центар дава помош и поддршка во различни проекти, учествувајќи со стипендии во фондот за талентирани средношколци на Високата школа и во креирањето на веб страниците www.vs.edu.mk и www.unescochair-vs.edu.mk.
   
  Високата школа е членка на Европската асоцијација за образование и истражување на односите со јавноста (EUPRERA) која има за цел да ги поттикнува и промовира иновативните знаења и практики за односи со јавноста во образованието и истражувањата во Европа.
   
  Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје го поддржа конкурсот „Изрази се преку медиумите“ преку кој Високата школа овозможува стипендии за талентирани средношколци што имаат афинитети и талент во областа на медиумите, новинарството, комуникациите и односите со јавноста.
     
  Високата школа е партнер во проектот на Вестминстер фондацијата за демократија „Зајакнување на парламентот и демократијата“ во делот насочен кон зголемување на транспарентноста во работењето на Собранието на Република Македонија и кон подобрување на новинарското известување за законодавниот дом.
   
gampil   Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е членка на Глобалната алијанса за партнерства за медиумска и информациска писменост (Global Alliance for Partnership on Media and Information Literacy - GAPMIL), иницирана од УНЕСКО, Алијансата на цивизации при ОН (UNAoC), УНИЦЕФ, Фондацијата Отворено општество, ИРЕКС, Европската Комисија и други агенции при ОН.
   
  Swedish Helsinki Committee“ го поддржа етаблирањето на Високата школа со грант за институционална поддршка, помагајќи во креирањето на студиските програми и во изработката на студија за основање на факултетот.
   
  „Press Now“ го помогна трансферот на знаења од партнерските универзитети, при изработката на бизнис планот, студијата за основање на факултетот и креирањето на наставните програми.
   
  „Институт Отворено општество“ ја помага издавачката дејност на Високата школа јво рамките на едицијата „Ex Libris“ со издавање книги од домашни автори и превод на странска литература.
   
  Советот на Европа го поддржа конкурсот „Изрази се преку медиумите“ преку кој Високата школа овозможува стипендии за талентирани средношколци што имаат афинитети и талент во областа на медиумите, новинарството, комуникациите и односите со јавноста.
   
undp   Канцеларијата на УНДП во Скопје преку различни проекти им овозможува на студентите да го искусат работењето на терен на повеќедневни екскурзии надвор од Скопје.
   
unfpa   Канцеларијата на УНФПА во Скопје, во соработка со Високата школа, организираа работилница и продуцираа два мини документарци на тема „Сексуално и репродуктивно здравје“.
Univerziteti_09
Copyright © 2011 Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.
Сите права се задржани. Содржините на оваа веб страница не смеат да бидат репродуцирани, дистрибуирани или на друг начин користени, освен со писмена согласност од Високата школа.