Payday loans

Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
danska-skola           Данската школа за медиуми и новинарство е стратешки партнер универзитет на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Студиските програми на двете високообразовни установи се компатибилни, што овозможува студентите на Високата школа да го поминат петиот семестар во Данската школа и да се стекнат со додаток диплома.
           
windesheim           Универзитетот за применети науки „Виндесхеим“ од Холандија е стратешки партнер универзитет на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Студиските програми на двете високообразовни установи се компатибилни, што овозможува студентите на Високата школа да го поминат петиот семестар во Универзитетот „Виндесхеим“ и да се стекнат со додаток диплома.
           
          Универзитетот на Западна Каролина од САД има потпишано договор за соработка со Високата школа со кој се предвидуваат можности за заеднички студии, истражувања и обуки и за студиска размена. Примарната цел е да се воспостават програми за размена на студенти и професори, на академски и истражувачки информации, како и други образовни активности од заеднички интерес.
           
          Факултетот за применети бизнис и општествени студии ДОБА од Марибор, Словенија има потпишано договор за соработка со Високата школа, со кој се предвидува академска размена во образованието, истражувањата и другите сродни активности, со цел интернационализација на високото образование во студиските програми на двете високообразовни институции.
           
          Факултетот за општествени науки при Универзитетот од Љубљана, кој е меѓу 500-те најдобри на Шангајската листа, има потпишано договор за соработка со Високата школа, со кој се предвидува академска размена во образованието, истражувањата и другите сродни активности, со цел интернационализација на високото образование во студиските програми на двете високообразовни институции.
           
          Одделот за новинарство и комуникации при Универзитетот од Тирана има потпишано договор за соработка со Високата школа, со кој се предвидува академска размена во образованието, истражувањата и другите сродни активности, со цел интернационализација на високото образование во студиските програми на двете високообразовни институции.
           
vitautas-litvanija180x75           Високата школа потпиша договор за студиска размена со Универзитетот Витаутас Магнус од Литванија, рангиран меѓу 700-те врвни универзитети во светот. Договорот е потпишан како дел од Програмата за мобилност ЕРАСМУС на Европската комисија и им овозможува на студентите по новинарство и по односи со јавноста да следат еден семестар на овој универзитет и да се стекнат со додаток на диполома.
             
          Договор за соработка со Автономниот универзитет од Барселона, кој предвидува размена на студенти, образовен кадар и академско искуство. Универзитетот, кој е рангиран меѓу првите 300 универзитети според Шангајската листа, е европскиот претставник и основач на Мрежата за медиумска и информациска писменост и интеркултурен дијалог на УНЕСКО и Обединетата алијанса на цивилизации.
             
          Факултетот за организациски науки на Универзитетот во Белград има потпишано договор за соработка со Високата школа којшто предвидува да делуваат заеднички во областа на високото образование и академските истражувања. Најголемиот и најстар државен универзитет во Србија е рангиран на Шангајската листа меѓу 400-те најдобри светски универзитети.
             
          Со договорот за соработка со Колеџот за комуникации „Капа Фи“ во Бања Лука, Босна и Херцеговина се воспоставуваат можности за студиска размена, развој на заеднички студии, истражувања, обуки и други едукативни програми помеѓу двете образовни институции.
Organizacii_09
Copyright © 2011 Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.
Сите права се задржани. Содржините на оваа веб страница не смеат да бидат репродуцирани, дистрибуирани или на друг начин користени, освен со писмена согласност од Високата школа.