static
intranet_link



News - School of Journalism
Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Проект за унапредување на медиумската писменост во образованието во Република Македонија PDF Печати Е-пошта
Вторник, 01 Јуни 2010 11:30
Mедиумската писменост е дефинирана како способност за ефикасно комуницирање (споделување, разбирање или ширење) на информации и на знаење преку медиумите или од нив. Поради тоа медиумската писменост е интегрален дел од ефикасната социјална трансформација, и помага во ангажирањето на јавноста, како и во воспоставувањето на стандарди за јавна отчетност и транспарентност. 

Проектот „Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“ треба да им помогне на децата, адлесцентите и младите луѓе, да да ги унапредат своите познавања за улогата и функцијата на медиумите во демократските општества. Целта е тие да можат критички да им пристапат, да ги анализираат и проценуваат медиумските содржини и пораки што доаѓаат од различни видови медиуми - печат, електронски медиуми, Интернет, реклами - што би им овозможило  поангажирано учество во демократските процеси.
Повеќе...
 
Потреба од професионализација во односите со јавноста PDF Печати Е-пошта
Четврток, 15 Април 2010 13:36

Стандардизација на професијата односи со јавност, основање професионална асоцијација и донесување  етички кодекс, како и континуирана едукација и утврдување на терминологијата во ова поле се дел од заклучоците на денешната тркалезна маса на тема „Професионалните стандарди во односите со јавноста“ што ја организира Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во рамките на Деновите на образование на Скопскиот саем.

Повеќе...
 
«ПочетнаПретходна12СледнаПоследна»

Страна 1 од 2
footer