|
За нашите студенти се грижиме за време на студиите, но и по нивното завршување. Центарот „Кариера“ се грижи за обезбедување практична работа за студентите, но и за обезбедување на првото работно место на идните дипломци.
Благодарение на искуството и на соработката со медиумите и со бизнис-секторот стекнати преку активностите на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и на Едногодишната школа за новинарство, станавме препознатливи како „расадник на професионални кадри“.
Студентите на Високата школа редовно се ангажираат во медиумите, во компаниите или во други организации и институции, а не ретко остануваат и како редовно вработени по завршената практична работа и по завршувањето на факултетот.
Освен тоа, нашите студенти редовно се вклучени во проекти, обуки и истражувања што ги реализира основачот на факултетот – МИМ.
На овој начин студентите ја учат својата идна професија низ многу практична работа и во реални ситуации заедно со професионалци.
Современото применето образование на студентите им нуди практично знаење и подготвеност да започнат да работат веднаш по завршувањето на студиите, без подготвителен период за адаптација на теоретското знаење кон реалниот сектор.
Перспективи во кариерата
Високата школа располага со тим предавачи кои вршат специјализирани обуки од областа на новинарството и на односите со јавноста и корпоративните комуникации.
Обуките се креираат и се реализираат според потребите на пазарот и на клиентите, без оглед дали се работи за компании или индивидуалци. По завршувањето на овие обуки, учесниците добиваат сертификати на Високата школа со соодветен број кредити, во зависност од комплексноста и од траењето на обуката.
|