Секторот за наставна програма се грижи за спроведување квалитетни студии и образовен процес како што е предвиденосо студиските програми на Високата школа.
Секторот е во постојан контакт со студентите, предавачите, соработниците и практичарите на Високата школа и одржува редовни состаноци со нив за активности поврзани со наставната програма.
Овој сектор остварува соработка со институциите во земјава и од странство за потребите на студиските програми и ги ангажира студентите во проекти со стопанскиот, невладиниот и јавниот сектор.
Секторот за наставна програма го раководи и ги организира активностите на Центарот за кариера на студентите на Високата школа.