| Добредојдовте |
|
За оној кој сака да стекне применливо високо образование и да изгради врвна кариера во новинарството или во односите со јавноста, Високата школа е вистинското место. Тука, информацијата и комуникацијата се изучуваат и се истражуваат од сите аспекти, а студентите учат да комуницираат преку директна интеракција, посредни пораки, пишан збор, учат да говорат во јавноста, да воспостават дијалог, да дебатираат и да ги постават вистинските прашања. Студиската програма и за двете насоки овозможува знаење и експериментирање на наученото преку индивидуална и тимска работа, во забавен и мултикултурен амбиент, со наставен кадар кој секогаш е на располагање за консултации. Континуираната практика и редовните гости професионалци во текот на студиите овозможуваат постојан контакт со деловниот сектор за кој се образуваат студентите на Високата школа. ...И ова се само дел од предностите на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Студиската програма за односи со јавноста е единствената која се нуди во Македонија, така што нашите дипломци ќе бидат првите генерации на високообразовани кадри во полето на корпоративните комуникации. На оние, пак, што имаат искуство во новинарството, а сакаат да ја продолжат својата едукација, им нудиме можност да го надградат своето знаење и да ги зацврстат вештините и искуството. Најпосле, знаењето кое се добива во Високата школа е лесно споредливо со она во Европа, затоа што нашите студенти учат по истиот принцип на балансираност на теоријата со вежби во реални ситуации, преку практика која е внимателно организирана и преку гостувања од врвни професионалци од соодветната област, дипломати, политичари, менаџери и интелектуалци. Доколку сакате овие содржини да бидат дел од вашето факултетско образование во следните три години, ви посакуваме добредојде во Високата школа.
Жанета Трајкоска Директор |
