static
intranet_link



News - School of Journalism

Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)
Наставни програми

Високата школа работи според уникатна програма составена од реномирани академски професори и искусни новинари и уредници од Македонија и од врвни експерти од Данската школа за медиуми и новинарство и од Универзитетот за применети науки Виндесхејм од Холандија.

Студиските програми се дизајнирани во согласност со потребите на пазарот во Македонија, содржат голем број практични часови и обезбедуваат обука на студентите во медиуми, во компании и во јавната администрација.

Во согласност со принципите на Болоњската декларација, програмата во двете насоки се изучува според Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) во три академски години, со можност за постдипломски студии.

Секоја студиска година има по 60 ЕКТС-кредити еднакво поделени во два семестра, со што студентот по завршувањето на првите три години ќе се здобие со 180 ЕКТС-кредити и со диплома во соодветната област.

Студиска програма по новинарство

Целата програма за новинарство е креирана според принципите на Тарту декларацијата како основна водилка во едукацијата на идните новинари и медиумски професионалци, свесни за важноста и улогата во вршењето на својата професија.

Преземете ја целосната ТАРТУ декларација (англиски јазик)

Наставната програма за Корпоративни комуникации и односи со јавноста е креирана во согласност со Кодексот на однесување на Чартеред институт за односи со јавноста (CIPR), кој со 8 илјади членови е најголема асоцијација од својот вид во Европа.

Преземете го кодексот на однесување на Чартеред инстиутот за односи со јавноста (CIPR)

Вовед

Зошто Високата школа?

Како изгледа студирањето?

Наставни програми

ЕКТС

Европска соработка

Брошура

Рекламен ТВ спот

 

 
footer