static
intranet_link



News - School of Journalism
Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Во согласност со член 108, 109 и 110 од Законот за високо образование („Службен весник“ бр. 35), Наставничкиот совет на Високата школа за новинарство и за односи со јавностa објавува:

 

К О Н К У Р С

за запишување студенти во академската 2009/2010 година

I. Број на студенти

Во прва го­дина на додипломските студии во академската 2009/2010 година, на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ќе се запишат вкупно 70 студенти на двете насоки:

1. Студиска програма за новинарство – 35 студенти, од кои 20 редовни и 15 вонредни;

2. Студиска програма за корпоративни комуникации и односи со јавноста – 35 студенти, од кои 20 редовни и 15 вонредни.

II. Услови и критериуми за запишување

  1. Право на запишување имаат кандидати со завршено средно образование и положена државна матура, или образование соодветно на тоа, верифицирано со акт на Министерството за образование;
  2. Кандидати со положена училишна матура;
  3. Селекцијата на кандидатите ќе се врши врз основа на: успехот од средното образование, успехот од матурата, интервју и утврдување на вештините;
  4. Кандидатите се запишуваат со самофинансирање на студиите;
  5. Високата школа обезбедува три целосни стипендии за студенти Роми;
  6. Високата школа обезбедува четири целосни и осум делумни стипендии за добитниците на наградените трудови од конкурсот за матуранти „Изрази се преку медиумите“.

III. Избирање на кандидатите

  1. Наставничкиот совет на Високата школа формира конкурсна комисија која го врши вреднувањето на кандидатите и која ќе објави прелиминарен список, врз основа на кој кандидатите ќе можат да поднесат приговор во рок од 8 дена од објавувањето на резултатите. Приговорот се доставува до Наставничкиот совет на Високата школа, којшто донесува конечна одлука по приговорот.

IV. Потребни документи

  1. Свидетелства од четирите години средно образование (оригинални примероци или копии заверени на нотар)
  2. Диплома за положен матурски испит (оригинален примерок или копија заверена на нотар)
  3. Фотокопија од Извод од матична книга на родените
  4. Фотокопија од лична карта или пасош

Документите да се достават на адреса: Висока школа за новинарство и за односи со јавноста, „Јуриј Гагарин“ 17-1/1, Скопје

 
footer